Длабоката поделеност во редовите на опозициската Демократска партија, ја зголеми самодовербата на владејачката Социјалистичката партија за многу подобар резултат на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај.
-Социјалистичката партија има за цел да победи во 45-55 од вкупно 61 општина. Верувам дека ова ќе биде резултатот, рече Дамиан Ѓикнури, генерален секретар на партијата.
И покрај тоа што судот не го призна Сали Бериша, туку групата на Енлекед Алибеај, Ѓикнури за ABC News изјави дека на терен, „социјалистите ја допираат реалноста поинаку од она што одлучила правдата“.
-Алибеај и другите имаат свои поддржувачи. Не сакам да ги девалвирам, но поголемиот дел од опозицијата е околу Бериша и тоа е очигледно, додава Ѓикнури.
Тој не прифаќа дека неговата партија е одговорна за состојбата во која денес се наоѓа Демократската партија, оценувајќи ги како шпекулации обвинувањата дека СП се измешала во работите на ДП и поставила некои правила.
-Социјалистичка партија нема да коалицира со ниту еден друга политичка партија на национално ниво. Таа ќе оди сама на изборите на 14 мај, додека со малцинствата може да се направиме мали локални сојузи, изјави Ѓикнури.
На претходните локални избори, поради бојкот на истите, од страна на здружената опозиција, кандидатите на социјалистичката партија победија во 60 општини а само во една, кандидат на грчката партија „Мега“.