Албанската полиција откри тунел кај Скадар, најдени се 65 килограми канабис во форма на чоколадна табла
Албанската полиција откри тунел во населбата „Скендербег“ во Скадар каде криминална група складирала канабис.
На прес-конференцијата беше соопштено дека се запленети 65,5 килограми марихуана во форма на чоколадо и 35 килограми канабис во шишиња, објавија албанските медиуми.
Полицијата распишала потрага по две лица, 42-годишниот Н.М и 37-годишниот Б.М.
„Постои сомневање дека се дел од група која се занимавала со производство и продажба на канабис. Ние сме во прва фаза од истрагата“ – изјави на прес-конференција директорот на полицијата во Скадар.