Албанска компанија ја тужи Македонија, бара 110 милиони долари отштета

Албанска компанија ја тужи Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон и бара 110 милиони долари отштета поради стопиран проект во центарот на Скопје.

Како што пишува Шќиптарја.ком, повикувајќи се на Олигаркиа.ал се работи за групацијата „Амадеус Груп“ во сопственост на стопанственикот Бесим Елшани и Елисабета Ѓони.Според пишувањата, основата на спорот е изградбата на хотел и трговски центар во центарот на Скопје.Во 2014 година компанијата „Амадеус Груп“ купила парцела во центарот на Скопје од Владата на Македонија, каде што требало да се изгради хотел во барокен стил висок 16 метри. Поради спорови, се наведува во текстот, проектот не е реализиран.