Македонската полиција уапси едно лице под сомнение дека го тргнало знамето на МПЦ и поставило албанско знаме на јарболот во дворот на црквата Свети Наум Охридски на Шар Планина во ски – центарот Попова Шапка.
,Брзата реакција на институциите, како и притисокот од јавноста може да ги намалат провокациите кои ја разгоруваат меѓуетничката нетрпеливост. Провокациите не треба да се премолчуваат, туку жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат потенцијалните идни провокатори. Одговорот на општеството на таквите провокации мора бидете единствени, без разлика на етничка, верска, политичка или која било друга припадност“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Изјавата може да ја погледнете ТУКА
Како што изјави, знамето на MПЦ ќе биде вратено.
„Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено што не сум видел е дека ниту еден претставник на албанските политички фактори во Македонија јавно не го осудил овој чин. И тие треба. Затоа, повикувам на лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен чин на вандализам“, напиша Ангелов на Фејсбук.