Албанци упаднале во хотелот каде се сместени фудбалерите на Србија!? Голем скандал во Германија! ВЛЕГЛЕ И ИМ ПОКАЖУВАЛЕ ДВОГЛАВ ОРЕЛ, обезбедувањето веднаш реагираше
Непријатна ситуација се случи во Аугсбург, односно во хотелот во кој се сместени српските репрезентативци.
Како што пишува белградки Курир, албанските навивачи влегле во хотелот со намера да испровоцираат на кого ќе наидат од делегацијата која отпатува од Белград на Европското првенство.
Момче и девојка влегоа во хотелот облечени во капи со симболи на Албанија, а потоа шетале низ ходникот обидувајќи се да налетаат на некого.
Обезбедувањето на Фудбалскиот сојуз на Србија брзо сфати што се случило и ги избрка од хотелот.
Да потсетиме група Албанци провоцираа на денот кога српските фудбалери пристигнаа во Германија .
Имено, тие се возеле низ хотелот, пуштале гласна музика, покажале двоглав орел и викале на цел глас. Така се обидоа да ги испровоцираат српските фудбалери и делегацијата во Аугсбург.