“АЛБИН КУРТИ НЕМА ШТО ДА ИЗГУБИ“ – Премиерот на Косово го покажа своето вистинско лице во Македонија
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, го покажал своето вистинско лице во Македонија и дека неговата политика е „Голема Албанија“ и дека тој е подготвен за војна.
Горан Весиќ за српската телевизија PINK изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, патува за Атина, на вечерата со лидерите на Западен Балкан која се случи претходниот ден, а на која присуствуваше и премиерот на Косово, Албин Курти, а на прашањето дали очекува некакви провокации, тој одговорил дека Александар Вучиќ е секогаш подготвен за разговор, и дека никогаш не одбил ниту една средба дури и со тие што го навредуваат иако знае дека средбата нема да реши ништо.
„Го избраа граѓаните на Србија, да решава проблеми, да разговара, да се бори за државата и тоа го прави. Провокациите, ако ги има, не се нешто ново за него, разговарал со Албин Курти, и тоа секогаш е за разговор, а не за пресметка со било кој“, изјавил Горан Весиќ непосредно пред патувањето на Александар Вучиќ во главниот град на Грција, Атина.
Тој посочи дека луѓето во Косово живеат се полошо и полошо, со високо ниво на корупција, поради што Албин Курти може да понуди само војна и конфликти како решение.
„Србија сака да се развива, но сака и регионот да се развива, сакаме инвеститори да дојдат во Приштина и во Косовска Митровица, сакаме Албанците во Приштина да живеат добро, бидејќи тие го заслужуваат тоа, како и Србите во Косовска Митровица. Но, го имаме Албин Курти, чија политика е ‘Голема Албанија‘, протерување на Србите и конфликти. Тешко е да се разговара со некој што нема што да загуби“, изјавил Горан Весиќ.
Горан Весиќ истакнува и дека посетата на Александар Вучиќ на Унгарија е дел од неговата политика со која успева да изгради одлични односи со соседите, но и со другите земји во регионот, додавајќи дека преку Отворен Балкан, кој го сочинуваат Србија, Албанија и Македонија, се создава единствен економски простор, со слободниот проток на стоки, капитал и услуги и луѓе, така што трите земји би биле поконкурентни.
Тој посочи дека соработката со Унгарија никогаш не била подобра, бидејќи двете земји заедно работат на важни заеднички инфраструктурни проекти, како што се брзата пруга Белград-Будимпешта, железницата Суботица-Сегед, која е завршена и наскоро ќе да се отвори за патнички сообраќај, а проширување на преминот Хоргош и други проекти.
„Соработката меѓу Србија и Унгарија никогаш не била посестрана и посилна, а тоа е заслуга на Александар Вучиќ и Виктор Орбан, бидејќи преку лични контакти ги подобрија односите меѓу двете земји“, рекол Горан Весиќ.