АЛБИН КУРТИ САКА ДЕ ФАКТО СРБИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО !? Се огласи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика по средбата во Брисел: “Приштина не е подготвена за компромис“

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, во четвртокот го обвини премиерот на Косово, Албин Курти, дека не е подготвен да прифати компромисен предлог за тоа како да се пристапи кон спроведувањето на договорот за нормализација на односите со Србија.

По новата рунда дијалог за нормализација на односите на највисоко политичко ниво, Жосеп Борел кажа дека на претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ и на премиерот на Косово, Албин Курти, им доставил компромисен предлог за спроведување на договорот на патот кон нормализација на односите и анекс за негово спроведување од февруари и март оваа година.

Александар Вучиќ и Албин Курти на средба во Брисел со Жосеп Борел и Мирослав Лајчак

Жосеп Борел вели дека косовската страна сака прво да започне со политичките аспекти на нормализацијата, што значи официјализирање на де факто признавање како прв чекор. Од друга страна, Србија инсистира прво да се започне со формирање на заедница на општини со српско мнозинство, што е обврска што двете страни ја потпишаа уште во 2013 година.

Затоа го предложивме она што денес го гледаме како единствен компромис – да започне процедура во која овие два процеса би се одвивале паралелно. За жал, премиерот Албин Курти не беше подготвен да продолжи напред и да започне кредибилен процес на формирање Заедница на општини со српско мнозинство, а претседателот Александар Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ за спроведување на договорот за нормализација на односите“, изјави Жозеп Борел по средбата.

Првиот човек на европската дипломатија вели дека компромисниот предлог на ЕУ е поддржан од пошироката меѓународна заедница, вклучително и САД

За жал, денес не беше можно да се премостат разликите“, вели Жозеп Борел.

Тој додаде дека сега ќе ги извести 27-те земји-членки на ЕУ за недостатокот на напредок во намалувањето на тензиите на северот на Косово.

Зборувајќи за повторените избори во четири општини со мнозинско српско население во северно Косово, Жозеп Борел кажа дека најбрзиот начин ќе биде четворицата градоначалници, Албанци кои беа избрани на изборите што ги бојкотираа Србите, да поднесат оставки.

Друга опција е 20 отсто од гласачите да потпишат петиција за отповикување на градоначалникот, но тоа е долг и неизвесен пат“, вели Жозеп Борел.

Тој истакна дека косовските Срби мора да бидат конструктивни и безусловно да учествуваат во изборниот процес. 

Тие мора да учествуваат. Ги поздравувам гаранциите што ги добив од претседателот Александар Вучиќ во овој поглед“, заклучи Жозеп Борел.