ВИДЕО | ОВА Е ЕДНА ОД НАЈКОНТРОВЕРЗНИТЕ ОДЛУКИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ – Знаменцето за офсајд дигнато, играчите стојат, а голот признат !?

На натпреварот од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Порто и Шахтјор Доњецк беше забележан еден од најконтроверзните голови во историјата на натпреварувањето.

Порто на домашен терен го совлада Шахтјор Доњецк со резлутат од 5:3 и со тоа го потврди пласманот во осминафиналето од елитното натпреварување, а играта ја одбележа кардиналната грешка на линискиот судија.

Во 30. минута од натпреварот Данило Сикан постигна гол за 1:1, но откако линискиот судија го подигна знаменцето и означи офсајд. Играчите на Порто застанаа веднаш штом го видоа знаменцето, но, не го дочекаа судискиот свиреж. Фудбалерите на Шахтјор Доњецк не го запреа нападот, топката дојде до Данило Сикан, кој ја затресе мрежата, а судијата го потврди голот. Овој контраверзен момент од натпреварот можете да го погледнете ОВДЕ.

Фудбалерите на Порто протестираа, но залудно. Судијата покажа дека го видел сигналот на помошникот, но сметал дека нема офсајд и не сакал да го запре нападот.

За среќа, спорниот гол не го реши исходот на натпреварот.