Александар Вучиќ ќе го повтори ‘трикот’ што му донесе многу политички поени во минатото: Ќе оствари ли средба со Владимир Путин во Кина !?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, треба да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, во текот на октомври, на маргините на форумот „Појас и пат“ што ќе се одржи во Кина, дознава српски Demostat од дипломатски кругови.

Претседателите на Србија и Русија веќе јавно го потврдија доаѓањето на кинескиот самит, но останува прашањето дали ќе се сретнат Александар Вучиќ и Владимир Путин, што би било нивна прва средба во живо од почетокот на војната во Украина.

Александар Вучиќ неодамна најави дека за време на самитот ќе се сретне со претседателот на КинаСи Џинпинг, истакнувајќи дека е голем пријател на Србија и дека со нетрпение ги очекува разговорите.

До крајот на годината очекувам сериозни и важни разговори со нашите многу, многу важни партнери. Во октомври патувам во важна посета на Кина. Големо прашање е дали шоуто ќе се случи таму, бидејќи се очекува и доаѓањето на Владимир Путин“, изјави Александар Вучиќ во август.

Demostat пишува дека Србија најверојатно ќе оди на избори во ноември, па средбата со Владимир Путин несомнено ќе му донесе на Александар Вучиќ дополнителни поени кај проруските гласачи.

Не би било прв пат Александар Вучиќ да се сретне со Владимир Путин за време на изборната кампања.

Владимир Путин и понатаму е најпопуларниот странски политичар во Србија, а минатата година неговата популарност била само еден процент под таа на Александар Вучиќ, покажа истражувањето на Demostat.