Александра Пријовиќ го чека своето второ дете. Семејството Живојиновиќ наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Како што пишуваат српските медиуми, Александра синоќа приредила прослава за најтесниот семеен круг и им ја соопштила радосната вест.
Александра неодамна ги откри своите желби и планови за во иднина. Имено, пејачката истакна дека би сакала да го прошири семејството, а нејзиниот сон е да добие ќерка.
„Mоето семејство да е секогаш добро. И би сакала, следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка“, изјави Александра во едно интервју.
Покрај тоа, Александра на 22 декември ја заврши својата концертна турнеја во белградска арена и реши да се повлече на одредено време од шоуто.
Последниот настап пред целосната пауза беше во Златибор за Нова година.