Александра Пријовиќ купи автомобил од 150.000 евра! Прија не жалеше за оваа перверзија… (ФОТО)

Александра Пријовиќ неодамна се почести со ново луксузно возило, па на својот возен парк додаде ново црно БМВ чија цена на пазарот е над 150.000 евра.

Пејачката со него за првпат се појави неодамна на роденденот на ќерката на нејзиниот кум Ацо Пејовиќ.

Отсекогаш ѝ било важно на Прија автомобилот што го вози да биде безбеден и брз. Затоа бараше модел во кој секогаш кога ќе отиде некаде со синот, тој да се чувствува безбедно, а повторно не штедеше пари за својот нов миленик. Очигледно е дека БМВ и’ е омилена марка на автомобил, бидејќи и нејзиниот претходен бел автомобил, за кој во 2020 година платила 130.000 евра, бил од истата марка.

Да потсетиме, пред три години српските медиуми пишуваа дека таа ангажирала личен шофер за нејзиниот нов BMW X6.

– Прија ангажираше личен шофер, кој ја вози каде сака, а ќе ја вози и кога ќе почне да настапува. Таа многу ретко го вози својот нов џип сама. Таа вели дека возењето и’ е стресно, па решила да изнајми возач – изјави тогаш изворот, додавајќи:

– На Александра отсекогаш и’ било важно автомобилот што го вози да биде безбеден и брз, а откако го роди синот Александар тоа и’ приоритет. Затоа бараше модел на автомобил во кој ќе се чувствува безбедно секогаш кога ќе оди на пат со својот син. Кога конечно го најде тоа што го бараше, Прија не зажали што платила за автомобилот. Нејзиното BMW X6 го има најдобриот пакет, има и детска заштита за вратите. Покрај тоа, Александра побарала бојата на автомобилот да биде бела, за што доплатила, додека седиштата се кожни – пишуваат медиумите.