„Алекса, те сака мама најмногу на светот“: Снимка од приведувањето на осомничениот за тројното убиство во Књажевац

Милојевиќ е осомничен дека на 6 јуни во 15 часот и 50 минути во семејната куќа во Књажевац со огнено оружје ги егзекутирал својот татко Предраг (60), дедо Милош (81) и бабата Сарајевка (83).

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар заврши сослушувањето на Алекса Милојевиќ, осомничен за убиството на татко му, баба и дедо на 6 јуни во Књажевац .

Неговата адвокатка Весна Момчиловиќ изјави дека не може да ги открие деталите од рочиштето, а покрај Милојевиќ се сослушани и две повредени лица.

По апсењето, осомничениот го признал делото, но не сакал подетално да ја изнесе својата одбрана, бидејќи, како што навел, бил под голем стрес. Тој е осомничен за кривично дело тешко убиство, за кое му се заканува доживотна казна затвор.

Милојевиќ е осомничен дека на 6 јуни во 15 часот и 50 минути во семејната куќа во Књажевац им ги одзел животите на својот татко Предраг (60), дедо Милош (81) и бабата Сарајевка (83). Карабинот била во легална сопственост на сега починатиот Милош.

Инаку, на видеото приложено погоре се слуша како мајката на осомничениот му вели: „Не се откажувај, сите сме со тебе, мајка ти те сака повеќе од се на светот“.