Алексеј Навални почина во затвор! На најголемиот критичар на Владимир Путин ненадејно му се слошило по прошетката: Наредена е итна истрага

Рускиот опозиционер Алексеј Навални почина на 47-годишна возраст во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец!

Информацијата за смртта на Навални ја потврди Одделот на Федералната поправна служба.

– На 16 февруари во воспитно-поправната колонија бр.3, осуденикот Навлни А.А. по прошетката се чувствува лошо и речиси веднаш изгуби свест. Веднаш пристигнаа медицински работници од установата и повикана е екипа на Итна медицинска помош – се наведува во соопштението.

Беа извршени сите неопходни мерки за реанимација, но, како што се наведува, не дале позитивни резултати.

– Лекарите од итната помош констатирале смрт на осудениот. Причините за смртта се утврдува – се додава во соопштението.

Федералната казнена служба на Русија исто така соопшти дека испраќа комисија во поправната колонија број 3 во автономниот округ Јамало-Ненец, каде што почина Алексеј Навални.

Еден од лидерите на руската опозиција и најголем критичар на претседателот Владимир Путин, да потсетиме, минатиот август беше осуден на нови 19 години затвор под обвинение за екстремизам.