Алекс Бети (17), кој исчезна за време на семејно патување во Марбела, е пронајден во Франција по шест години.
Во меѓувреме, обвинителството во Франција организираше прес-конференција за да открие повеќе детали за овој неверојатен случај.
,,Алекс Бети ја остави мајка си откако таа му кажа дека мора да се преселат во Финска”, рече Францускиот обвинител Антоан Лероана на конференцијата за медиуми.
Од неговото исчезнување, Алекс живее номадски начин на живот со својата мајка и дедо, а извесен период живеел и во Мароко.
Откако решил да го напушти таквиот начин на живот, пешачел четири дена, пред да го пронајде млад доставувач на лекови.
„Претежно пешачел ноќе, а дење спиел“, рече Лерој.
Обвинителот вели дека Алекс и неговата мајка и дедо постојано биле во движење.
„Сè уште треба да знаеме повеќе детали. Алекс рече дека мора да живее во нормално опшество. Кажа дека доживеал сексуално вознемирување, но не од неговата мајка“, рече обвинителот.
Тој исто така потврди дека Алекс не одел на училиште цело време.
Лерои вели дека дедото на Алекс, кој бил со него и неговата мајка, можеби умрел пред шест месеци.
Обвинителот вели дека Алекс не присуствувал на погребот, бидејќи во тоа време се одржала церемонија.
Тој додава дека француската полиција го потврдила идентитетот на Алекс.
,,Полицајците во регионот завршија “извонредна работа” во грижата за Алекс Бети“, вели тој.
Во моментот на откривањето со себе имал околу 100 евра во кеш.
„Тој изгледа како нормален тинејџер. Не изгледа дека е неписмен или дека му биле ускратени некои права“, рече Лероа.
Обвинителот откри дека момчето најверојатно утре ќе биде предадено на властите во Велика Британија.