Алек Болдвин, ослободен од обвинението за убиство од небрежност, се расплаче во рацете на неговата сопруга
Судијката Мери Марлоу од Ново Мексико нагло го отфрли обвинението за убиство од небрежност против Алек Болдвин и рече дека случајот не може повторно да се отвори.
Таа го отфрли случајот поради недолично однесување на полицијата и обвинителот за прикривање докази од одбраната. Како што е познато, Болдвин ја застрелал и ја уби Халина Хачинс во 2021 година на сетот на филмот „Рѓа“. Не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми.
„Доцното откривање на доказите за време на судењето ја попречи фундаменталната правичност на постапката“, рече меѓу другото Марлоу.
По оваа одлука, Болдвин паднал во прегратките на сопругата Хиларија и заплакал. После тоа, тој им се заблагодари на своите адвокати. Тој го напушти судот без да разговара со медиумите.
Кариерата на Болдвин била доведена во прашање, а поради споменатото дело му се заканувала затворска казна од една и пол година.
Тој и другите продуценти се уште се соочуваат со тужби поднесени од родителите и сестрите на Хејли.