Алиев им стави сол на раната на Ерменците: Погледнете што направи лидерот на Азербејџан кога влезе во владата на Нагорно Карабах (ВИДЕО)
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев го прегази знамето на Нагорно-Карабах што беше распослано на подот во поранешната административна зграда на таа непризната република.
Моментот го сними AzTV.
На видеото се гледа како шефот на државата во воена униформа влегува во зградата придружен со празнична музика. Алиев поминува низ ходникот, го прегази знамето, накратко го гледа и потоа продолжува понатаму.
Претседателот на Азербејџан претходно го подигна националното знаме во Ханкенди или Степанакерт, кој беше поранешен главен град на Нагорно Карабах. Алиев претходно учествуваше на истата церемонија на територијата на акумулацијата Сарсанг во регионот Тертер и во градот Агдер.
Сепаратистичките власти на Нагорно-Карабах, да потсетиме, на почетокот на месецот најавија дека ќе ги распуштат сите институции до јануари 2024 година и со тоа ќе престанат да постојат.
Овој потег уследи откако Азербејџан започна молскавична офанзива за да ја врати целосната контрола врз својот отцепен регион и побара ерменските војници во Нагорно-Карабах да го положат оружјето и да се распушти сепаратистичката влада.