Алкараз откри кој му помогнал за да го победи Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше подобар со 3-2 во сетови од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, кое се одигра во неделата, а во интервју за медиумите откри кој му помогнал да стигне до големиот успех.

Шпанецот направи чудо на Централниот терен во Лондон и го запре српскиот тенисер на патот кон осмата титула на Вимблдон, а во тоа му помогнала легендарната тенисерка Мартина Навратилова.

„Навратилова ми помогна со нејзините совети. Ѝ кажав по мечот против Ѓоковиќ дека е заслужна за оваа победа. Правев сè што ми кажа, ја послушав затоа што освои девет титули на Вимблдон“, откри Алкараз.