АЛКАРАЗ „СЕ ИЗБРУКА“ ПРЕД МИЛИОНИ ЛУЃЕ! На Шпанецот му испадна пехарот во директен пренос – врвен тенисер е, но и исклучително „смотан“! (ВИДЕО)

Карлос Алкараз направи огромен подвиг на Вимблдон, откако во финалето на престижниот турнир го совлада Новак Ѓоковиќ и со тоа по којзнае кој пат покажа дека му претстои светла кариера.

Неколку дена по финалето, Шпанецот гостуваше во утринската програма „Си-Ен-Ен“, а во таа прилика му испадна чашата, па мораше да го намести капакот во директен пренос, пред милионска публика.

Секако, трофејот што му падна на Алкараз не е тој што му беше врачен по освојувањето на Вимблдон.

Веќе е познато дека тенисерите на Централниот терен се фотографираат со оригиналниот пехар, кој е во трајна сопственост на Вимблдон, а за себе добиваат помала и полесна верзија.