Алкараз се повлече од следниот Мастерс, тенисот може да има нов светски број еден

Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз се повлече од претстојниот турнир Мастерс 1000 во Шангај, а тоа би можело да доведе до промена на врвот на АТП листата.

Алкараз утрово го победи Американецот Тејлор Фриц (ATP:5) со 6:4, 6:4 во финалето на АТП 500 турнирот во Токио, со што стигна до својот осми трофеј сезонава и 24-ти вкупно во неговата професионална кариера.

Сепак, во текот на целиот турнир тој имаше проблеми со повреда на зглобот, која ја заработи во првото коло во дуелот против Себастијан Баез. Иако имаше тешкотии со движењето до крајот на турнирот, тој успеа да го освои трофејот.

Но, тој не може да оди на Мастерсот во Шангај. Попладнето, Алкараз официјализираше дека нема да учествува на најголемиот турнир во Кина, а причината е фактот што му е потребен одмор и дополнителни прегледи на зглобовите кои ќе утврдат каков третман му е потребен.

Ова одеднаш отвори шанса за Јаник Синер да се врати на првото место на 27 октомври.

Имено, доколку Синер ги освои претстојните три турнири (Пекинг, Шангај и Виена), тој ќе се врати на врвот на АТП листата побрзо отколку што очекуваше секој. Да потсетиме дека Алкараз му го одзеде првото место со победата во финалето на Отвореното првенство на САД.

Синнер нема да има лесна задача да ги освои претстојните три турнири, но ќе биде фаворит број еден на сите нив, особено кога Алкараз не е во ждрепката.