Алое вера растението е познато по неговото благотворно дејство на кожата и поради тоа е честа состојка во антиејџ козметиката.
Имено, јапонските научници утврдија дека стеролот, кој го содржи алоето, го поттикнува создавањето на фибробластите, клетки кои се наоѓаат во дермисот и учествуваат во синтезата на колагенот и хијалуронската киселина.
Колагенот е одговорен за младешкиот, затегнат изглед на кожата, додека хијалуронска киселина ја зголемува способноста на кожата да ја задржи неопходната влажност и на тој начин да ги намали брчките и да ја одложи нивната појава.
Со поттикнувањето на создавање на овие две соединенија, алое вера го подобрува изгледот на епидермисот и го успорува создавањето на брчки, со што кожата подолго излега нежно и еластично.
Алоето можете едноставно да го вклучите во вашата редовна нега на лицето.
Пред вашата вообичаена крема за лице, нанесете мала количина алое вера гел на кожата и оставете да се исуши.
Исто така алоето можете да го користите и како маска, два до три пати во неделата нанесете дебел слој гел на лицето и оставете го да отстои 20- 30 минути.