Алтернатива: Граѓаните плаќаат за неспособноста на државата, новиот долг на ЕVN ќе ги поскапи сметките за струја

Електраните на Македонија добија нов долг од 100 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Неспособноста и неодговорноста на менаџерскиот тим ја доведоа ЕVN во ситуација да се задолжи да продолжи да работи и да исплаќа плати, обвинуваат од партијата Алтернатива.

EVN постојано е мета на критики за нетранспарентни набавки и слепи зделки, што нужно го наметнува прашањето дали корупцијата во менаџментот ја доведе компанијата до точка да мора да ги покрива загубите со долг? Ќе се потрошат ли овие 100 милиони евра, како стотици милиони во минатото?

Она што најмногу не загрижува е фактот што за финансирање на кредитот EVN ќе бара поскапување на струјата, дополнително оптоварувајќи го семејниот буџет.

Ja повикуваме регулаторна да не дозволи поскапување на ЕVN бидејќи граѓаните не треба да плаќаат за неспособноста, неодговорноста и каприците на раководството на ЕVN.

ЕVN беше главната причина за неодамнешната енергетска криза во Северна Македонија, неуспехот да произведе доволно енергија за да ги задоволи потребите на земјата. Ова неодговорно раководство треба да се казни, а не да се награди“, велат од Алтернатива.