Алтун: ПКК слободно дејствува во Шведска, тоа е целосно неприфатливо

Слободата со која терористичката група ПКК/ЈПГ дејствува на шведска територија е „целосно неприфатлива“, рече директорот за комуникации на Турција Фахретин Алтун.

„Целосно е неприфатливо терористите на ПКК да продолжат слободно да дејствуваат во Шведска – која аплицираше за членство во НАТО“, напиша Алтун на социјалната мрежа Твитер.

„Синоќа тие го истакнаа таканареченото знаме на ПКК на шведскиот парламент“, изјави Алтун.

Алтун рече дека Анкара очекува шведските власти „да го истражат инцидентот, да ги повикаат одговорните на одговорност и да ги спречат самоидентификуваните членови на ПКК — која ЕУ ја препознава како терористички ентитет — да дејствуваат на шведска територија“.

Неговите изјави доаѓаат откако приврзаниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Стокхолм проектираа на фасадата на зградата на парламентот слика што ја симболизира терористичката група, што може да се види од видео снимките кои кружат на социјалните мрежи.

Поддржувачите на ПКК/ЈПГ споделија и видеа со провокации против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, шведскиот премиер Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.

На едно од видеата, приврзаниците на ПКК/ЈПГ ги навредуваа двајцата шведски функционери и запалија постер со слика на Ердоган.

Најавен протест

Терористите најавија протест во Стокхолм против новиот антитерористички закон кој ќе стапи на сила на 1 јуни.

Законот има за цел да го криминализира членството во терористички организации во земјата и им дава на властите многу пошироки овластувања да приведат и гонат луѓе кои финансираат или на друг начин поддржуваат терористички организации.

„Искрено се надеваме дека новиот закон за борба против тероризмот, кој ќе стапи на сила на 1 јуни, ќе биде соодветно спроведен. Поточно, шведските власти мора да ги спречат членовите на ПКК да демонстрираат на 4 јуни, доколку се сериозни во решавањето на загриженоста на Турција“, рече Алтун.

ПКК е терориситчка организација, која е на листата на терористички организации во Турција, САД, ОК и ЕУ. Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, терориситчката организација е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ПКК има огранок во северна Сирија познат како ЈПГ.

ТРТ БАЛКАН