Планината Денали е највисокиот врв во Северна Америка
Малезиски државјанин е спасен од ледена пештера на надморска височина од 6.000 метри, на планината Денали, во истоимениот американски национален парк во сојузната држава Алјаска, додека планинарот кој бил со него загинал.
Планината Денали е највисокиот врв во Северна Америка.
Спасувачката операција започна во вторникот кога Националната планинска спасувачка служба прими повик за помош од тим вознемирени малезиски планинари кои се упатија кон врвот, објави Вашингтон тајмс.
Еден од планинарите на тимот, 48-годишен маж, бил спасен истиот ден откако успеал да се спушти во кампот на надморска височина од 5.000 метри, соопштија властите на паркот.
Спасениот маж е однесен на лекување поради тешки смрзнатини и хипотермија. Други двајца мажи, 36-годишен маж и уште еден 47-годишен маж, останале во ледена пештера на надморска височина од 6.000 метри, односно во дел од глечерот веднаш под врвот на планината на надморска височина од 6.190 метри.
Облаците и ветерот ги спречија спасувачите да стигнат до двајцата затрупани планинари во средата и четвртокот, но тие успеаја да стигнат до нив вчера, кога спасија малезиски државјанин кој им кажа дека другиот планинар починал пред неколку дена.
Преживеаниот бил евакуиран и однесен од планината во амбуланта, а локалните власти не ја прецизирале тежината на неговите повреди.