Ал Пачино за прв пат се огласи за новото бебе кое го чека на 83 години.: Тоа е посебно чувство

  • Ова е посебно чувство. Секогаш е посебно чувство, имам многу деца. Но, ова е многу посебно, бидејќи доаѓа во ова време – изјави Пачино за „Дејли мејл“.

Тој вели и дека не го знае полот на бебето.

Осми месец од бременоста
Пачино го очекува своето четврто дете со 54 години помладата девојка, ТВ продуцентката Нур Алфала (Нур Алфала, 29), која моментално е во осми месец од бременоста.

Американските таблоиди пишуваат дека на почетокот легендарниот актер се сомневал во своето татковство, па побарал ДНК тест. Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој најчесто предизвикува неплодност.

Видно изненаден
Нур направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот за странските медиуми изјавил дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена. Двојката е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година.