– Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места.
Според извршниот директор на Амазон Енди Џеси., компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.
Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.