Амал и Џорџ Клуни блеснаа на црвениот тепих на 81. издание на филмскиот фестивал во Венеција. Таа носеше фустан во бледо жолта боја, кој е моден хит оваа сезона.
Фустанот е украсен со чипка. Изгледот го комплетираше со полирана фризура, едноставна шминка, накит и чанта. Џорџ се одлучи за класичен костум и машна.
Тие расположени им позираа на присутните фоторепортери. Обожавателите се огласија на социјалните мрежи и рекоа дека изгледаат вљубено како и првиот ден.
Тие присуствуваа на премиерата на неговиот филм „Волци“. Бред Пит и тој глумат платеници кои се задолжени да ја вршат валканата работа за отстранување на безживотно тело во хотелска соба.
Овие актери наводно биле платени по 35 милиони долари за овој филм. Инсистираа да се прикажува во кино. Сепак, Apple одлучи да го прикаже во кината во Соединетите Американски Држави и тоа само за една недела.
После тоа, ќе биде достапен за гледање преку услугата за стриминг. Клуни негираше дека нивните хонорари биле по 35 милиони долари, велејќи дека вистинската бројка е „многу, многу милиони помала“.