Амбасадорот на Косово во Франција му ги предаде акредитивните писма на претседателот Макрон

Амбасадорот на Косово во Франција Мехди Халими му ги предаде акредитивните писма на францускиот претседател Емануел Макрон.

Церемонијата на доделување акредитиви се одржа во Елисејската претседателска палата.

Амбасадорот Халими преку платформата „Х“ го сподели моментот на предавање на акредитивните писма.

Тој рече дека се чувствува почестен што му ги доставил акредитивите на претседателот Макрон.