Амбасадорот на Франција во земјава тврди: “Ако до крајот на годината нема уставни измени, Северна Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ“

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер изјави дека доколку до крајот на годината не се пристапи кон уставни измени, Северна Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ.  

Тоа значи дека во тој момент ризикуваме да се соочиме со блокада и треба да се има на ум дека се наоѓаме во момент на забрзана политика на проширување и освен Северна Македонија има други заинтересирани земји кандидатки. Тоа е причината поради која имате толку голем број министри и претставници на властите, кои патуваат, особено доаѓаат во посета овде минатата и оваа година, за да ја упатат истата порака. Постои европски моментум, и тој не треба да се пропушти“, изјави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Тој посочи дека голем број, како што вели, европски политички одговорни лица го посетија Скопје во последните месеци, за да потсетат и да истакнат дека решението што беше преговарано и усвоено и денес го поддржуваат сите европејци и сите европски институции, и сите држави – членки на ЕУ, е најдоброто можно решение и нема замена за него.

И тука не станува збор да се промени формулацијата за којшто е постигнат европски консензус, туку е тоа начин и дека воопшто не постои простор за наметнување на нови услови“, потенцира Сирил Бомгартнер

Според него, стравувањата дека францускиот пакет води кон загрозување на јазикот, идентитетот, македонскиот јазик, идентитет, воопшто не се основани. 

Јас нив ги слушам, но уште еднаш ќе кажам дека доколку рационално гледаме на состојбите ќе покажеме дека нема никаква причина тие стравувања да постојат. Што се однесува до јазикот, формулата која што се преговараше е многу јасна, таа предвидува признавање на македонскиот јазик без никаков услов, без никаква забелешки, и никакви други условувања“, вели Сирил Бомгартнер