АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ОГЛАСИ: САД ПРОТИВ прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби денеска изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е против прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

– Прекинот на огнот сега ќе му користи само на Хамас – рече Кирби на прес-конференцијата, но не прецизираше дали и САД се против хуманитарниот прекин на огнот што го побараа Обединетите нации, пренесува Ал Џезира.

Зборувајќи за нападите врз американските војници на Блискиот Исток во последните години, Кирби рече дека американската администрација го сфаќа тоа „многу, многу сериозно“.

Стејт департментот претходно соопшти дека прекинот на огнот ќе му овозможи на Хамас да се прегрупира.