– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека „за успешен мировен процес новата влада што ќе биде формирана во Газа треба да биде управувана од Палестинците“.
„Вол стрит журнал“ објави дека Блинкен имал обраќање на прес-конференцијата во Токио, каде што се одржа Самитот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Групата седум (Г-7), чиј домаќин беше Јапонија.
Блинкен нагласи дека обезбедувањето на условите за мировниот процес е единствениот пат за траен прекин на војната во Газа.
Според него, министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-7 се согласни дека не треба да се намали територијата на Газа.
Шефот на американската дипломатија истакна дека Палестинците не треба да бидат присилени да мигрираат од Газа.
Блинкен нагласи дека клучно за обезбедувањето успешен мировен процес е новата влада што ќе се формира во Газа да биде управувана од страна на Палестинците.
Тој истакна дека Газа не треба да биде окупирана, не треба да биде блокирана, ниту пак да се намали нејзината територија.
Блинкен рече дека за траен мир потребно е барањата на палестинскиот народ да се вклучени во административниот центар кој би се формирал во Газа по конфликтот.