Американските воздухопловни сили ќе купат два кибертрака „Тесла“ и ќе ги уништат со ракети

Воздухопловните сили на САД имаат намера да купат два примерока од електричниот пикап „Тесла“ „Сајбертрак“ исклучиво за да се користат како цели за прецизни тестирања на оружје.

Според „Воената зона“, Тест-центарот на воздухопловните сили на САД (AFTC) поднел барање за купување на 30 возила за тестирање на ракетниот полигон „Вајт Сендс“ во Ново Мексико. Листата на возила вклучува седани, пикапи, кросовери и комбиња, но само две ставки наведуваат специфична марка и модел, а тоа е „Тесла Сајбертрак“.

Во документацијата е наведено зошто се потребни овие специфични возила.

„(Редактирано) намерава да користи специфични возила Тесла за тестирање како подготовка за борбени операции. Во услови на конфликт во реалниот свет, непријателот може да користи Тесла Кибер-камиони, бидејќи набљудувањата покажаа дека тие не претрпуваат очекувано ниво на штета за време на сериозни судири. Потребно е сценаријата да се моделираат што е можно поблиску до реалноста“, се наведува во него.

Американските воздухопловни сили очигледно сакаат да бидат сигурни дека нивното прецизно оружје може да погоди и уништи цели како „Сајбертракот“, и покрај неговата необична издржливост.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, претходно тврдеше дека „Сајбертракот“ е „непробоен“ и „може да ја преживее апокалипсата“. Тој, исто така, неколку пати изјави дека електричниот пикап е погоден за воени цели, па дури и ѝ го понудил на американската војска. Сепак, се чини дека првите примероци сепак ќе се користат како цели за уништување.