Американски војник притворен во Кина! Ненадејното протерување на Тревис Кинг од Северна Кореја изненади многумина (ФОТО, ВИДЕО)

Американскиот војник Тревис Кинг, кој пред два месеци премина од Јужна Кореја во Северна Кореја, е во американски притвор во Кина.

Ова денеска го изјавија двајца неименувани американски претставници, неколку часа откако Северна Кореја објави дека ќе го протера од земјата.

Најавата дека Северна Кореја ќе го депортира Кинг изненади некои набљудувачи кои очекуваа одложување на неговиот притвор со надеж дека ќе извлечат отстапки од САД во време на високи тензии меѓу двете земји.

Американските власти објавија дека Кинг бил прогласен за дезертер, што се казнува со затвор, одземање на плата или отпуштање од војска.

Кинг е од Висконсин и беше еден од 20.000 американски војници стационирани во Јужна Кореја.

Северна Кореја одлучи да го протера Кинг, кој влета во земјата преку границата меѓу двете Кореи на 18 јули, објави претходно денеска државната новинска агенција на земјата.

Сгенцијата објави дека севернокорејските власти го завршиле сослушувањето на војникот и дека тој признал дека влегол во земјата илегално затоа што се чувствувал лошо поради „нечовечкото малтретирање и расната дискриминација“ во американската војска.

Кинг се упати кон север во јули додека ја обиколуваше границата на јужнокорејската страна.

Новинската агенција не соопшти кога властите планираат да ја спроведат одлуката за протерување.