– Американскиот конгресмен Хенри Куелар синоќа во Вашингтон беше нападнат со пиштол во неговиот автомобил.
Инцидентот се случил на раскрсницата на улицата К и авенијата Њу Џерси во квартот Нејви Јард во југоисточниот дел на Вашингтон, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на предупредување од Агенцијата за внатрешна безбедност и вонредна состојба на Вашинтон.
Разбојниците му ги одзеле возилото и багажот на претставникот од Тексас, пишува „Вашингтон пост“.
Властите наводно трагаат по тројца осомничени мажи. Најмалку еден од крадците на автомобилот бил вооружен со пиштол.
Куелар не бил повреден во инцидентот.