Американски лекар тврди дека неправилно пиеме кафе и на тој начин му штетиме на организмот: Еве каде грешиме
Американскиот гастроентеролог Саураб Сети, кој студирал на Харвард, предупреди дека често пиеме кафе „погрешно“ и на тој начин му штетиме на сопствениот организам.
Сети го сподели советот на TikTok каде често предупредува за нашите секојдневни штетни навики и вели дека пиењето кафе не мора да биде штетно, туку дека грешиме со една навика.
„Кафето е апсолутно прекрасно за вашиот мозок, црева и црн дроб“, рекол 42-годишниот доктор. Тој објаснува дека полифенолите кои се наоѓаат во кафето можат да поттикнат добри бактерии и да го подобрат фокусот и меморијата.
Тој потоа предупредил: „Додавањето шеќер во кафето го зголемува шеќерот во крвта и го зголемува воспалението, што не е добро. Размислете за другите засладувачи. Друга грешка е некористењето органско кафе“.
„Сега кафето е една од најпестицидните култури и навистина не сакате да консумирате пестициди“, истакна тој. Исто така, неговиот трет совет е оној што често ги изненадува неговите пациенти.
Ако страдате од рефлукс на киселина, не се откажувајте од кафето. Наместо тоа, д-р Сети предлага да се префрлите на потемно печено кафе, бидејќи содржи помалку кофеин и затоа е „понежно“ за стомакот.
Ако не страдате од горушица, лесно печеното кафе може да биде вашата најдобра опција.