Неименуван американски функционер истакна дека Бернс отпатувал во Киев пред бунтот на Вагнеровата група на Евгениј Пригожин, што не било тема на разговорот.
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс неодамна отпатува во Украина и се сретна со претседателот Володимир Зеленски и со украинските разузнавачки претставници, изјави неименуван американски функционер за Вашингтон пост.
Весникот претходно објави дека Бернс претходно во јуни се состанал со украинските власти за да ја претстави стратегијата за враќање на територијата окупирана од Русија и да ги отвори преговорите за прекин на огнот со Москва до крајот на годината.
Неименуван американски функционер истакна дека Барнс отпатувал во Киев пред бунтот на групата Вагнер на Евгениј Пригожин, што не беше тема на разговорот, пренесува Си-Ен-Ен.
„Њујорк тајмс“ пишува дека по неуспешниот бунт на групата Вагнер, директорот на ЦИА разговарал со шефот на руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, за да го увери дека САД немаат никаква улога во организирањето на бунтот.