Американско разузнавање: Кина ја снабдува руската војска со технологија

Кина и помага на Русија да ги избегне санкциите на Западот и е осомничена дека и дала на Москва воена технологија за нејзината агресија во Украина, се вели во некласифициран извештај на американското разузнавање.

Оценката на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) беше објавена од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, пренесува CNN .

Кина постојано негираше дека испраќала воена опрема во Русија од почетокот на агресијата на Москва против Украина во февруари 2022 година.

Во извештајот се вели дека Кина стана „уште поважен партнер“ на Русија откако Москва ја нападна Украина минатата година.

Кина постојано негираше дека испраќала воена опрема во Русија од инвазијата што започна на 24 февруари 2022 година.

Во извештајот се вели дека Кина го зголемила увозот на руска енергија, вклучително и нафта и гас пренасочени од Европа.