Проблемот со VISA и Mastercard банкарските картички во Македонија е надминат

Надминат е проблемот со VISA и Mastercard банкарските картички, соопштија од Здружението на македонските банки.

Во текот на денот не можевте да подигнете пари од банкомати, а не можете ни да платите со овие картички.

Проблеми имале и граѓаните од земјава кои биле во странство.

Народната банка претходно соопшти дека проблемот е директно во брендовите VISA и Mastercard, но дека парите на граѓаните во банките се безбедни.