Американците го предупредуваат Путин: Вашингтон го откри рускиот план за саботажа на авионот, но тоа не е сè! (фото)
Според американски „Њујорк тајмс“, Русија наводно се подготвувала за диверзантски операции против САД со поставување експлозивни направи во товарните пратки и испраќање со авион.
Како одговор, САД го предупредија рускиот претседател Владимир Путин за последиците од „поддршката на тероризмот“, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Во декември, генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Русија веќе долго време води не прикриена, туку отворена војна против земјите на НАТО.
Тврдењата на Руте уследија по извештајот на ОБСЕ кој откри дека
Русија наводно извршила приближно 150 напади врз земјите на НАТО од почетокот на војната во Украина.
Тие напади вклучуваат сајбер напади врз железници, болници, ГПС системи и водни мрежи. Извештајот, исто така, ги нагласува хакирањето, саботажата и заканите за воените објекти, како и за подводната инфраструктура.
Потеклото на операцијата со запаливи направа датира од летото кога на аеродромите и магацините во Германија, Велика Британија и Полска почнаа да се палат навидум безопасни товарни пратки.
САД и Европа беа убедени дека Русија стои зад тие инциденти.
До август, според Њујорк тајмс, претставниците на Белата куќа станале сè позагрижени за разузнавачките извештаи кои сугерирале дека Москва планира многу поширока операција – прелевање на војната од Украина на американско тло.
За време на серијата состаноци во Кризната соба, високите советници на претседателот Џо Бајден ги анализираа пресретнати комуникации меѓу високи функционери на руската воена разузнавачка служба ГРУ.
Тие дискусии опишаа пратки на стоки за широка потрошувачка кои се запалија, вклучително и мал електричен масажер што се користеше како тест уред.
Откако Русите сфатија како пакетите се движат низ безбедносните системи за воздушно карго и колку трае транзитот, следниот чекор беше да ги испратат тие предмети на летовите до САД и Канада со цел да предизвикаат пожари откако ќе се истоварат пакетите.
Карго авионите беа примарна грижа, иако патничките летови понекогаш носат и помали пакети во багажникот.