Американците испратија јасна порака до Иран и Хезболах: “Ако го нападнете Израел, ние воено ќе интервенираме!“
New York Times, известувајќи за патувањето на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на Блискиот Исток, објави дека американските официјални лица рекле дека администрацијата на Џо Бајден испратила јасни пораки до Иран и Хезболах преку регионалните партнери дека САД ќе бидат подготвени да интервенираат воено ако извршат напади врз Израел.
Ентони Блинкен, исто така, предупреди да не се напаѓаат американските сили и цивилни цели во регионот.
„Нападите, заканите кои доаѓаат од милицијата која е на страната на Иран се целосно неприфатливи“, им порача Ентони Блинкен на новинарите на аеродромот во Багдад додека го напушташе Ирак.
„Ние не бараме конфликт со Иран – тоа го кажавме многу јасно – но ќе направиме се што е неопходно за да го заштитиме нашиот персонал, без разлика дали е воен или цивилен“, заклучува тој.