АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ГИ КОНФИСКУВААТ РУСКИТЕ АКТИВИ ВРЕДНИ 300 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ !? Како Кремљ ќе реагира на новиот закон што го подготвува Белата куќа ?

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, подржува подготовка на закон што ќе овозможи конфискација на дел од замрзнатите руски активи во вредност од 300 милијарди долари што би биле употребени за обнова на Украина. 

Според извештај на Bloomberg објавен синоќа, Белата куќа е ангажирана да го подржи Конгресот за таков нацрт закон за понатамошно финансирање на подршката за Украина

Таков нацрт закон би дал надлежност на извршната власт потребна за конфискација на руските суверени активи во корист на Украина“, се наведува во документот на Советот за национална безбедност на САД.

Џо Бајден го подржува ваквиот чекор бидејќи републиканците во Конгресот блокираат доделување на 60 милијарди долари финансиска помош за Украина, делумно и поради загриженоста од тоа што финансиското бреме за Вашингтон е претешко, пишува Bloomberg

Исто така, администрацијата би ја усогласила таа мерка со сојузниците од Г-7, посебно оние од Европа, каде се чуваат околу 200 милијарди долари замрзнати руски активи. 

Советот за национална безбедност подржува таква надлежност како дел од низата инструменти разгледувани од САД да се натера Русија да плати за штетите од војната.  

Според Светската банка, обновата на Украина ќе чини околу 411 милијарди долари.