Американското Министерство за финансии денеска воведе санкции за српската нафтена индустрија како дел од новиот пакет насочен кон компании во сопственост на руски компании.
Според објавата на веб-страницата на американското Министерство за финансии, од денеска под санкции се бројни компании во Русија, но и надвор од оваа земја, а меѓу нив е и NIS, којa е во сопственост на руската национална компанија Гаспром од 2008 година.
Во образложението се вели дека санкциите се воведени за компании поврзани со компанијата Гаспром, а освен NIS, филијали на Гаспром има и во Казахстан, Киргистан, Луксембург и Таџикистан.
Сите имоти на овие компании, како и на другите подружници и партнери на Гаспром во Русија кои се на оваа листа, лоцирани во САД се конфискувани, а санкциите носат и други последици кои конкретно не се споменати во ова соопштение.
Вреди да се додаде дека санкциите беа донесени во согласност со извршните наредби 14024 и 13662, кои беа донесени од Џо Бајден и Барак Обама.
Овие прописи оставаат можност властите во Вашингтон да ги санкционираат компаниите кои „директно или индиректно и’ помагаат на руската економија“, кои беа донесени по анексијата на Крим, а подоцна и отворената агресија на оваа земја против Украина.