Америка го предупреди Додик: Греши ако мисли дека ќе гледаме од страна додека тој ја турка БиХ во конфликт!
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Сараево ја соопшти изјавата на претседателот на Република Српска Милорад Додик дека ќе прогласи независност доколку високиот претставник го донесе Законот за државен имот и порача дека тоа е невозможно.
„Република Српска е составен дел на државата, така што ниту таа, ниту Федерацијата Босна и Херцеговина не постојат надвор од Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.
Се додава дека Уставот на Босна и Херцеговина не предвидува право на одвојување на ентитет или која било друга пониска административна единица.
„САД повеќепати јасно ставија до знаење дека ќе дејствуваат за да се спротивстават на акциите против Дејтон, а отцепувањето е акција против Дејтон. Додик греши ако мисли дека САД ќе гледаат од страна додека тој ја турка БиХ во конфликт“, соопшти амбасадата.