Америка ,,го сломи” Зеленски: Претседателот на Украина нема каде да оди, ќе потпише минерален договор со САД!

Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц во петокот изјави дека очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски наскоро да потпише договор за минерали со Вашингтон.

„На крајот, Зеленски ќе го потпише овој договор и ќе го видите во многу блиска иднина. Тоа е добро за Украина. Што може да биде подобро од економско партнерство со САД?” рече Валц на конзервативната конференција на CPAC во Вашингтон.

Untitled-1-Recovered-Recovered-Recovered.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп на 3 февруари изјави дека Вашингтон очекува Киев да обезбеди гаранции за снабдување со ретки метали во замена за финансиска и воена помош.

На 14 февруари, Вашингтон пост, повикувајќи се на извори од Конгресот, објави дека американските официјални лица, за време на состанокот со Зеленски во Минхен, предложиле документ со кој на САД ќе им се дадат права на 50 отсто од минералните ресурси на Украина кои допрва треба да се експлоатираат.