Америка ја укинува воената помош за Украина!? Американскиот претседател ги повика на состанок шефовите на Стејт департментот и Пентагон и сите клучни безбедносни партнери

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска со своите најблиски соработници ќе разговара за можното привремено суспендирање или целосно откажување на помошта за Украина.

Киев Индипендент пишува дека ова го објави Њујорк тајмс, наведувајќи дека одлуката ќе го вклучи оружјето што на Киев му го ветила администрацијата на Џо Бајден, поранешниот американски претседател.

Џеј-Ди Венс Доналд Трамп 2.jpg

Американскиот весник цитира неименуван функционер од администрацијата на Трамп, кој рекол дека шефот на кабинетот на Белата куќа на состанокот ќе ги собере своите врвни соработници за безбедност, вклучително и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет.

На тој состанок тие треба да разгледаат неколку точки од политиката кон Украина и да дејствуваат во согласност со тие опции.

Оваа вест доаѓа по јавниот судир на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа на 28 февруари, што доведе до откажување на плановите за потпишување договор за природни ресурси меѓу двете земји.