Америјканскиот амбасадор го предупреди Курти: ,,Ако не нѐ послушате, соочете се со последиците!”

Џефри Ховениер, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Приштина, изрази став дека привремените косовски институции треба да го одложат спроведувањето на уредбата на Централната банка, во спротивно ќе се соочат со последици по квалитетот на партнерството со САД. 

Амбасадорот во интервју за РТВ21 изјави дека според  планот на Ахтисари  е прифатена финансиската помош за српската етничка заедница на Косово и Метохија. 

– Не се работеше однапред на утврдување на алтернативни начини за да се овозможи продолжување на исплатата на социјалните надоместоци. Тоа е она што нè загрижува. Пензионер, самохрана мајка, некој што е ранлив, размислува некој на тие надомедтоци. Изненадени сме од фактот што однапред не се направи напор да се размислува за ова и да имаме стратегии за ублажување на овој проблем – рече Ховенје.

Договорено е Белград да има целосно право да финансира и инвестира во здравствениот и образовниот систем на јужната покраина, во согласност со законот на Косово. 

Исто така, тој смета дека поддршката на Приштина на патот кон Европа подразбира исполнување на обврските кои беа утврдени во моментот на едностраното прогласување на независноста, односно дека нивната самопрогласена држава ќе биде мултиетничка и демократска. 

– Се надеваме дека Владата на Косово ќе слушне што зборуваме и ќе се прилагоди. Доколку Владата одлучи да не ги послуша нашите совети или да не нè слуша, има јасни последици за квалитетот на нашето партнерство. Како што кажав и како што беше кажано од Вашингтон, тоа влијае на нашата способност да бидеме ефективни застапници за Косово на меѓународната сцена. Ние не го сакаме тоа. Сакам да бидам многу ефикасен застапник за Косово. Значи, сè што можам да кажам е колку владата не е партнер во ова, тоа ќе влијае на квалитетот на нашето партнерство  – рече Ховенје .

Тој рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Приштина во однос на безбедносните сили, но дека ќе има влијание и од тоа колку е силно партнерството.  

– Очекувам дека Владата на Косово ќе работи со нас на подобрување и зајакнување на нашето партнерство  – повторно нагласи амбасадорот.

Џефри Ховениер се надева дека наскоро ќе заврши процесот за избор на градоначалници во четири општини на северот на Косово и Метохија и посочува дека е важно граѓаните да имаат можност да го остварат своето избирачко право, за да бидат избраните претставници кои народот сака.

– Очекуваме Владата на Косово да ги исполни обврските што ги даде пред нас и Европската Унија и да го олесни овој процес. Знам дека се потпишани петиции, има индиции дека над 20 проценти од запишаните гласачи со право на глас се потпишале на овие петиции, но тоа може да го потврди само Централната изборна комисија. Кога тоа ќе се случи, многу е важно властите да направат cè што е можно следниот чекор да се случи без одлагање  – рече тој, но додаде дека реалноста е дека следниот чекор ќе се случи во следните 45 дена.