Фантастичните Французи се европски прваци во ракомет: Триколорите ја совладаа Данска во фантастично финале по продолженијата!

Француските ракометари ја совладаа Данска со резултат 33:31 (13:13) по продолженијата во финалето на Европското првенство во Германија.

Франција до победата ја предводеа Лудовик Фабрегас со осум гола и Недим Ремили со пет гола.

Кај Данска подобри од останатите беа Микел Хансен со девет и Матијас Гидсел со осум гола.

Ова е четврто европско злато за Французите.

Ова беше судир меѓу светските и олимписките шампиони, а на крајот Франција успеа да ги обедини титулите европски и олимписки шампиони.

Ова беше втор натпревар на овие две репрезентации за европско злато по нивната пресметка во 2014 година кога Французите пред своја публика им го одзедоа трофејот на Данците.