ВИДЕО | ПРВИ СНИМКИ ОД МАФИЈАШКАТА ПРЕСМЕТКА ВО ГРЦИЈА – Атина блокирана, среде бел ден убиени шест лица

Шест лица се убиени во населбата Артемида во Атина, Грција, а според локалните медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. 

На социјалните мрежи се објавени видеа кои се направени на лице место. Во Артемиса моментално е прогласена опсадна состојба, а полицијата го обезбедува местото на престрелката. Блокирани се и бројни пристапи. Локалните медиуми претходно објавија дека пет лица биле застрелани во автомобил на раскрсница.

Тело на маж е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички. Според CNN Greece, бил употребен пиштол калибар 9 милиметри. Алармот е вклучен, а истрагата е во тек. Спасувачите и брзата помош се на терен.