Анастасија и Гудељ ја криеја свршувачката, еве кога и каде ја запроси: ѝ приреди незаборавна ноќ (ФОТО)

Немања Гудељ, фудбалер на Севиља, на многу романтичен начин ја запроси младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ на Ибица, а видеото синоќа беше објавено на социјалните мрежи.

Сепак, како што пренесуваат локалните медиуми, свршувачката се случила пред еден месец кога овој славен пар престојувал на Ибица.

Потоа Анастасија објави интимни моменти, но никој не знаеше дека свршувачката се случила истата вечер.

Немања и’ подари на Анастасија незаборавна ноќ. Најпрво имаа романтична вечера, по што следеше настап со танчери и музика во живо.

– Романтична вечера со мојата ,,буба” – напиша тогаш Анастасија, што е прекарот што си го викаат.