Ана Ивановиќ и Бастијан го прославија Денот на вљубените: Засекогаш мој Валентин (фото)

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ веќе осум години е во хармоничен брак со германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и важат за еден од најскладните парови на јавната сцена.

Тие двајца секојдневно ја зајакнуваат својата љубов, а не им требаат поводи за прослава и изненадувања кои си ги приредуваат.

Сепак, како и секој вљубен пар, Ана и Бастијан денеска го прославија Денот на вљубените и јавно ја изразија љубовта еден кон друг. Се сликаа, веројатно пред вечерата во која уживаа, а фотографиите ги споделија на Инстаграм.

Ана беше облечена во едноставна бела проѕирна маица, кратки шорцеви и црни чорапи, а на лицето немаше никаква шминка. Бастијан се одлучи за црн костум со сина откопчана кошула, кој го комплетираше со црвен шал.

И тој и таа ја објавија фотографијата на Инстаграм и си се обратија:Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер

-Засекогаш мој Валентин – пишува во нивните објави.