Поранешната српска тенисерка реши да почне одново, а промената на стилот беше прва на листата на нови животни цели…
Ана Ивановиќ веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста , секако, сето тоа поради
разводот од Бастијан Швајнштајгер .
И додека поранешниот германски фудбалер бара среќа со фаталната Бугарка , српската убавица одлучи да започне одново , со нови животни цели.
Промената започна со нејзиниот имиџ, а сега имаме можност да ја видиме Ана во атрактивни комбинации . Повеќе од кога било досега, таа е активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од своите патувања.
Неодамна имавме можност да ја видиме во смел фустан од модната куќа Poupette St Barth , а сега позираше за своите обожаватели на Инстаграм во уште посмел костим за капење .
Како што можете да видите, таа одлучи да облече класично црвено бикини , што е еден од летните трендови, кое го искомбинираше со бело мини здолниште.
Долниот дел од облеката е украсен со предимензиониран цветен детаљ кој совршено го надополнува ова минималистичко издание.
Таа додаде златен ланец на својот стајлинг, како и црвени очила како завршен детаљ.